Loading Video...
Ракомет
4. November 2019 - 15:29

Татран шанса за нова победа на Еурофарм Работник во СЕХА лигата

Вториот македонски претставник на меѓународната сцена Еурофарм Работник по тешкото саботни гостување во Словачка и поразот од Татран Прешов во Лигата на шампионите, можност за „поправен“ ќе имаат утревечер во дуелот со Мешков Брест. 
 
Тоа ќе биде и шанса за битолските „фармацевти“ да му се реваншираат на белорускиот тим за поразот во Брест еден од двата во петте одиграни меча во СЕХА. 
 
„Играме добро во СЕХА и зошто тоа да не продолжи и понатаму. Знаеме дека Мешков е наш конкурент и кандидат за висок пласман, па без разлика во каков состав ќе допатуваат, ќе бидат опасни. Ние имаме ситни проблеми со повредени ракометари, но тие кои ќе настапат ќе го дадат максимумот за што е можно подобар резултат“, изјави капитенот Гоце Ојлески 
 
Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Мешков Брест кој е во рамките од 8.коло на Б групата ќе се игра утревечер од 19 часот во сала „Боро Чурлевски“, во Битола.