Македонија
18. November 2019 - 16:26

Таткото на Боки 13 осуден на 6 месеци затвор за тепањето на свештеникот Стојчев

Судот го казни со половина година затвор ама тој не ја слушна пресудата.. Таткото на Боки 13, Миле Јовановски, не дојде на изрекување на казната за случајот со тепањето на свештеникот поради паркинг.Според пресудата, тој го натепал попот Виктор Стојчев оти побарал Бојан Јовановски да го премести возилото.

Тепањето на попот Стојчев се случило на Божиќ 2017-та.. На минатото рочиште, Јовановски го призна делото но рече дека откако неговиот син бил притворен, свештеникот продолжил со провокациите.. Денеска Стојчев вели дека правдата била задоволена но потсети дека цели три години неговото семејство е мета на закани од фамилијата Јовановски.

Инаку за Миле Јовановски, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води истрагата за случајот Меѓународен сојуз во кој осомничени се и Боки 13, потпретседателката на собранието, Фросина Ременски и раководни луѓе во сојузот. Осомничени се дека измамиле бизнисмени од кои зеле над 1 милион евра, за градба на старечки домови.