Татко и син под истрага по откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје
Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на двајцата осомничени, на улица „Методија Митревски“ во Скопје, беа пронајдени поголемо количество оружје, различна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница.
Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека претрес бил извршен и во викенд куќа на семејството во селото Раштак, каде било пронајдено дополнително количество оружје и муниција.
– За осомничените на возраст од 73 и 46 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште