Таравари: Нашата соработка со Арсовска завршува со разрешувањето на директорот на Комунална хигиена
-Ако е точно дека директорот на Комуналец е разрешен, тука завршува нашата соработка со Данела во Град Скопје. Ова е мој личен став за кој ќе се залагам во раководството на Алијанса, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари утринава во Студио 10.
Таравари изјави дека протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето се Албанци е провокација. Хотелот завчера бил демолиран од протестантите и тоа било пријавено во полиција.
-Зошто баш во тој хотел, не ми е јасно и зошто баш вчера повторно одеа таму? Не оправдувам користење на оружје, ама да се провоцира луѓе сме, и реагираме афективно. Сите би реагирале исто. Тој е член на Алијансата кој е разрешен, а ако е разрешен, завршува нашата приказна во Скопје. Ако е разрешен, треба градоначалничата да не консултира нас и ова го кажувам во мое име, не партиско. Денеска ќе имаме состанок и тука завршува нашата соработка со Данела Арсовска. Таа го разрешила, а не ВМРО-ДПМНЕ, рече Таравари.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците