Македонија
8. February 2022 - 9:24

Таравари: Кај Ембла било забележано агресивно однесување, некои од соучениците биле повредувани

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вчера изјави дека имал состаноци си дефектолозите, психологот, учителката и родителите, од кои произлегло дека родителите на Ембла инсистирале таа да посетува настава со инклузија.

„Годинава кај неа било забележано агресивно однесување и овој факт го потврдија речиси сите. Иако меѓу децата имало разбирање, сепак има некои од соучениците биле и повредувани. Освен Даунов синдром, Ембла има и форма на аутизам, што е потврдено и во извештајот од комисија која врши категоризација на вакви деца. За неа се обезбедени и посебни услови во училиштето. Сепак, некои од родителите искажеле загриженост за нивните деца. Како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби, тоа ќе се знае наскоро, рече градоначалникот Таравари.

Случајот со 11-годишно девојче предизвика внимание откако беше обелоденето дека родители на ученици од училиштето „Единство-Башкими” се незадоволни од нејзиното однесување и потпишале петиција тоа да не следи настава заедно со нив. Второто полугодие Ембла го започна со задоцнување и беше објавено дека има противење таа да следи редовна настава.