Тарантино најверојатно оди в пензија
Американскиот режисер Квентин Тарантино веројатно ќе престане да снима филмови, оти како што изјави за списанието „Џи-кју Аустрејлија“, најновиот негов проект „Беше еднаш во Холивуд” можно е да му биде последен.
– Што се однесува до филмовите можеби дојдов до крајот на патот… Се гледам себеси како пишувам книги или театарски претстави. Едноставно, мислам дека на светот на филмот му дадов сѐ што можам, изјави тој. „Беше еднаш во Холивуд” е негово деветто режисерско дело.
Филмот премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал годинава. – Ако критичарите и публиката го прифатат филмот „Беше еднаш во Холивуд” со одушевеност, тогаш веројатно нема да одам до бројката 10, додаде Тарантино. Тој, инаку, светската слава ја стекна со „Касапски кучиња”, „Евтини приказни” и „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел.
Глумецот Бред Пит, кој се појавува во последниот филм, тврди дека Тарантино e сериозен и не блефира. „Беше еднаш во Холивуд” ја следи приказната на подзаборавените ѕвезди на телевизиски каубојски филмови – Рик Далтон (кој го глуми Леонардо ди Каприо) и Клиф Бат (Бред Пит).
Заплетот се случува во заднина на дејствијата на криминалната банда на Чарлс Менсон во 1969. и на убиството на бремената глумица Шерон Тејт, инаку сопруга на познатиот режисер Роман Полански.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор