Талибанците го потврдија убиството на Мансур, за нов лидер го избраа Хајбатула Ахунзада

Талибанците официјално ја потврдија денеска смртта на нивниот лидер мулата Ахтар Мансур, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало. Тие го избраа Хајбатула Ахунзада за нов лидер, се вели во писменото соопштението на портпаролот на талибанците Забиула Муџахид.
Мулата Манасур беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Пакистан во саботата. Тој ги предводеше талибанците од минатата година по смртта на неговиот претходник мулата Мохамед Омар.
Талибанците за негов наследник го избраа Ахунзада, поранешен раководител на судскиот систе на исламистичкото движење. Ахузанда е избран на средба со талибанските лидери, за која се смета дека била одржана во Пакистан.
За заменици на новиот лидер се избрани Сираџудин Хакани, раководител на мрежата Хакани, која е обвинувана за повеќе бомбашки напади во Кабул изминатите години и синот на покојниот мула Омар, Мула Мохамед Јакуб.ац/
Ново на Сител
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
