Loading Video...
Ракомет
20. March 2019 - 15:26

Талевски и Лазаров го отвораат осминафиналето, Вардар ги пушти влезниците за дуелот против ППД Загреб во ЛШ

Со дуелот меѓу Ранј Некар Левен и Нант кој се игра вечерва (19 часот) започнува  разигрувањето во ракометната Лига на шампиони. 
 
Филип Талевски со Ранј некар Л. е домаќин на Кирил Лазаров и францускиот Нант во првиот меч од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите. 
 
За нас пак најзначаен ќе биде саботниот меч во кој македонскиот шампион Вардар гостува кај хрватскиот првак ППД Загреб. 
 
Од таборот на црвено-црните дека денеска и официјално се пуштени во продажба влезниците за реванш дуелот кој ќе се игра на 30 март во Скопје. 
 
Влезниците се по цена од 350 (местата на трибина) и 400 денари (А блокови), а истите можат да се набават на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот или преку www.ticketplus.mk.