Свет
6. February 2017 - 14:53

Тајната на Путин со голите и опасни фотографии: Западот откри која е скриената порака на Русите

Добро е познато дека рускиот претседател Владимир Путин често се слика на невообичаени места и во ситуации во кои просто е тешко да го замислиме. Најпозната е онаа која јава коњ, без маица, како се мази со делфин, како се снаоѓа во улогата на забар или кога нурка во потрага по изгубено богатство.
 
Истокот и Западот имаат различни интерпретации за ваквите негови постапки. На Западот ваквите фотки ги сметаат за чудни, па дури и прават и гифови, и го исмеваат поради тоа. Истакнуваат дека ваквите потези кои тој ги прави всушност се постапки на его манијак.
Постојат дури и цели сајтови кои се посветени со слики на кои рускиот претседател е без маица. Така можете да купите акциона фигура со Владимир Путин во различни комбинации.
 
Во Русија ваквата пропаганда на Путин има значајна политичка улога. Претставен е како моќен и сакан човек кој може да го оствари тоа што го наумил.
 
Го прикажуваат како човек кој добро се снаоѓа со децата, животните и така натаму.
Често го сликаат како скока и ја извршува работата на некој друг и постигнува неверојатен успех.
 
Светот пред неколку години се запозна со снимката кога Путин ја пее песната „Bluberry Hill“.
Во една прилика се проба и како забар, а кога отиде да нурка пронајде две амфори кои станаа значајно археолошко откритие.
 
Подоцна се шпекулираше дека амфорите се ставени во море за да Путин ги пронајде.
Никој во земјата всушност не му е јасно како би функционирале без него, па затоа наводно на луѓето им се „сервира“ дека Путин е здрав и јас, па причина за грижа нема.
 
Погледнете го видеото: