Тај Брејди: Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето
Во складиштата на „Амазон“ секогаш ќе имаат потреба од човечки кадар, нагласи Тај Брејди, главен технолог за роботика во таа компанија во интервју за Би-Би-Си.
Компанијата објави дека има распоредено повеќе од 200.000 роботи што работат во магацини на околу 50 локации.
Сепак, и покрај фактот што Амазон инвестира многу во напредната роботика, Тај Брејди вели дека центрите на компанијата никогаш нема да стигнат до точка каде што би можеле да бидат целосно автоматизирани.
-Никако. Ниту еден атом од моето тело тоа не го гледа, рече тој.
-Начинот на кој размислувам за ова е симфонијата на луѓето и машините кои работат заедно, ви требаат и едното и другото, рече Брејди.
-Предизвикот што го имаме пред нас е – како паметно да ги дизајнираме нашите машини за да ги прошириме човечките способности, рече тој.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд