Тахири: Од петок Косово ќе има своја војска
Министерот за правда на Косово Абељард Тахири е убеден дека од овој петок, 14 декември, Косово ќе има своја војска, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тахири вечерва во интервју за телевизијата Клан Косова изјави дека „нема сомнежи дека војската ќе ја биде“ до крајот на неделава, затоа што во косовското Собрание ќе се изгласаат законите со кои сегашните Безбедносни сили на Косово (ФСК) ќе се трансформираат во војска на Косово.
– Петок несомнено ќе биде денот по кој граѓаните на Косово и државата Косово ќе ја имаат својата војска – изјави Тахири.
Собраниската седница на која ќе се гласа за пакетот закони со кои ФСК ќе се трансформира во војска е закажана за 14 декември, а властите во Приштина веќе најавуваат свечености за одбележување на тој настан.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација