Балкан
11. November 2016 - 9:05

Тачи: Прашањето на исчезнатите треба да се претстави во Брисел

Неопходно е што побрзо решавање на прашањето на исчезнатите и тоа треба да се постави на највисоко ниво во Брисел, им соопшти косовскиот претседател Хашим Тачи на претставниците на семејствата на исчезнатите Срби и Албанци на Косово.

Хашим Тачи кажа дека „политиката треба да помогне во затворање на ова болно поглавје“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

„Прашањето на исчезнатите треба да се постави на највисоките нивоа и во Брисел, како тема која не може повеќе да чека“, додаде Тачи, пренесува РТС.

Тој им заблагодари на претставниците на семејствата на исчезнатите од двете заедници на нивната подготвеност да се состанат и да работат заедно на расветлување на судбините на нивните најблиски роднини.

Тачи рече дека прашањето на исчезнатите лица е хуманитарно прашање.

На Косово се трага по уште 1.666 лица, меѓу кои Албанците се најмногу. Меѓу исчезнатите над 500 се Срби или други неалбански заедници, наведува РТС.