Џет-Сет
14. July 2016 - 21:13

Таа е следната: Која го фати бидермаерот на свадбата кај Ана и Бастијан

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се венчаа во Венеција, а бидермаерот на убавата тенисерка го фати Германката Мирјам Геснер.

Германската репрезентативка во биатлон и освојувач на сребрениот олимпсики медал имаше среќа токму таа да го фати букетот на невестата.

Мирјам (26) се пофали на социјалните мрежи со фотографијата со бидермаерот, а покрај неа „кисело“ се смееше нејзиното момче, исто така спортист, скијачот Феликс Нојројтер (32) специјалист за слалом. На фотографијата нејзината насмевка открива колку е среќна додека Феликс не изгледа толку среќно судејќу по неговата кисела насмевка.