СЗО: Возрасните и децата треба повеќе да се движат за време на пандемијата
Секој четврти возрасен и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, соопшти СЗО.
Сите возрасни лица треба да прават најмалку 150 минути напорна физичка активност неделно, што е уште поважно за благосостојбата и менталното здравје во време на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) во своите први упатства за оваа деценија.
Препорачливо е децата и адолесцентите секој ден да имаат просечно еден час физичка активност и да го ограничат своето време пред електронските екрани.
– Луѓето од сите возрасти треба да го компензираат растечкото седечко однесување со физичка активност за да го намалат ризикот од болести и да додадат години во нивниот живот, истакна СЗО започнувајќи ја својата кампања „Секе движење се брои“.
– Зголемувањето на физичката активност не само што помага во спречување и управување со срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак, туку исто така ги намалува симптомите на депресија и анксиозност, го намалува падот на когнитивните способности, вклучително и Алцхајмеровата болест и ја подобрува меморијата, рече Рудигер Креч, директор на СЗО за унапредување на здравјето.
Секој четврти возрасен и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, што може да вклучува пешачење, возење велосипед, градинарство и чистење, предупредува СЗО.
Ново на Сител
-
Пред пратениците ќе бидат презентирани информации поврзани со преговорите со Бугарија
-
361 новозаразено лице со Ковид-19 и 14 починати
-
Идентификувани дел од учесниците во палењето на бугарското знаме
-
Кичевчанец нападнат, ограбен и ранет со огнено оружје од неколку лица
-
Судир на две возила и автобус на ЈСП на булевар „Александар Македонски“
-
Приведено лице за нарушување на редот на паркингот на Клинички
-
Во Грција започна вакцинација на граѓаните над 85-годишна возраст
-
Директорот на ФИТР Петров ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за неговото работење