СЗО: Секое шесто лице на планетата погодено од неплодност
Неплодноста го погодува секое шесто лице на планетата, покажуваат податоците од извештајот на Светската здравствена организација (СЗО).
Речиси 17,8 отсто од возрасните во земјите со високи приходи се погодени од неплодност, додека во земјите со низок и среден приход, 16,5 отсто од жителите страдаат од овој проблем. Според генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, процентот на луѓе погодени од тој проблем ја покажува потребата да се прошири пристапот до грижа за репродуктивното здравје и да се осигура дека проблемот повеќе нема да биде изоставен од здравствените истражувања и политики.
Светската здравствена организација ја дефинира неплодноста како болест на репродуктивниот систем кај мажите и жените, која се карактеризира со неуспех да се постигне бременост по 12 месеци или повеќе од редовен незаштитен однос.
„Ова може да доведе до значителна вознемиреност, стигма и финансиски тешкотии, кои ќе влијаат на менталната и психосоцијалната благосостојба“, наведува СЗО.
Превенцијата, дијагнозата и третманот на неплодност остануваат недоволно финансирани и недостапни поради високите трошоци, социјалната стигма и ограничениот пристап, се наведува во извештајот.
СЗО ги донесе заклучоците врз основа на избор и анализа на 133 студии од вкупно околу 12.000 студии ширум светот во периодот 1990-2021 година.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
-

Охрид има услови за развој на планински туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
