Свет
30. October 2020 - 21:56

СЗО: Рекордни 505 илјади новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во светот

Повеќе од 505.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус се регистрирани во светот во последните 24 часа, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.

Од тоа, околу половина се новоинфицирани, 258.628 се во Европа. Регистрирани се 152.211 нови случаи во Северна и Јужна Америка, а околу 58.000 во Југоисточна Азија.

Претходно, на 24 октомври, беше забележано највисок дневен биланс на новоинфицирани во светот – 490.298. Околу 44,9 милиони луѓе се заразени со Ковид-19 во светот.

Според податоците на СЗО објавени денеска, бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од 7.000. Речиси 1,18 милиони луѓе починаа од почетокот на пандемијата.