СЗО препорача коктел од антитела против Kовид-19
Комисија на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19 развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“ за пациенти со висок ризик од хоспитализација, за оние кои се тешко болни и луѓето што немаат природни антитела.
Третманот во САД доби итно одобрување, откако привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп кога беше заразен со коронавирусот.
Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец.
Во посебно соопштение, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено во земјите со низок и среден приход.
Други компании исто така се повикани да ја пренесат технологијата за да помогнат во развојот на слични третмани.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето