СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека на југот на Појасот Газа има резерви со гориво само за во наредните три дена, поради што една болница е веќе затворена поради недостиг од гориво и медицински материјали.
Граничниот премин Рафа со Египет е затворен откако израелската армија ја презеде контролата врз палестинската страна на границата во вторникот наутро, блокирајќи го влезот на очајно потребната хуманитарна помош. ОН соопштија дека северниот дел на Газа веќе е во состојба на „целосна глад“.
Израел објави дека преминот Керем Шалом – втората рута за дистрибуција на помош – е повторно отворен во средата. Сепак, Светската програма за храна посочува дека преку тој премин не поминала никаква помош.
Војната во Газа принуди околу 80 отсто од населението од 2,3 милиони да ги напуштат своите домови и предизвика огромно уништување на станови, болници, џамии и училишта низ неколку градови. Бројот на загинати во Газа се искачи на повеќе од 34.500 луѓе, според локалните здравствени власти.
Војната започна на 7 октомври кога Хамас го нападна јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапирајќи околу 250 други. Израел вели дека милитантите сè уште држат околу 100 заложници и останките на повеќе од 30 други.
Ново на Сител
-
49-годишен маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга
-
Јаневска: Ако се појави можност дел од образовните асистенти трајно да се вработат, со задоволство тоа ќе го прифатам
-
На камењарот на Пелистер се извлекува повреден македонски планинар
-
Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
-
Сашко Кедев го освои и Гашербрум I, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000 метри
-
Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-
Во Србија лани 183 лица завршиле зад решетки поради економски криминал
-
Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“