Loading Video...
Тенис
4. September 2019 - 9:22

Свитолина против Серена Вилијамс во полуфиналето на УС Опен

 
 
Елина Свитолина и Серена Вилијамс го сочинуваат првиот полуфинален пар на УС Опен кај дамите 
 
Украинката, Свитолина до своето второ полуфинале во низа на Грен слем турнирите, стигна со победата над Британката, Јоана Конта во два сета со идентични 6-4 и 6-4. 
 
 
Серена Вилијамс која шест пати досега триумфираше на УС Опен, место во полуфиналето обезбеди со убедливиот триумф над Кијанг Ванг од Кина на која и препушти само еден гем во првиот сет (6-1 и 6-1). 
 
Во второто полуфинале ќе играат победничките од дуелите меѓу (13.носителка) белинда Бенчиќ, Швајцарија и (23) Дона Векиќ, Хрватска односно (15) Бијанка Андреску, Канада и (25) Елисе Мертенд, Белгија.