Свиркачите Лазаревски и Костовски кои ги извадија „бомбите“ добитници на наградата „Мето Јовановски“

Разузнавачите во поранешното УБК, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, кои го открија незаконското прислушкување, се овогодинешни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Министерството за култура соопшти дека Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2021 година на својата последна седница донел одлука Лазаревски и Костовски да ја добијат наградата за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2021 година на свечемост во Собранието.
Лазаревски и Костовски од Управата за безбедност и контраразузнавање ги извадија „бомбите“ и му ги предадоа на ексдиректорот на УБК Зоран Верушевски. Тие беа уапсени во февруари 2015 година, како обвинети во случајот „Пуч“, веднаш откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да ги пушта „бомбите“. Костовски се спогоди со Обвинителството и призна дека е виновен за неовластено прислушување и шпионажа, по што беше осуден на три години затвор. Лазаревски не призна вина и остана 11 месеци во притвор. Костовски беше пуштен од затвор во април 2016 година, по аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Поранешното Специјално јавно обвинителство-СЈО отвори предмет „Таргет-Тврдина“ во кој беше посочено дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20 000 граѓани. Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Предметот заврши со пресуда во која обвинетите, меѓу кои беа и поранешниот доиректор на УБК Сашо Мијалкков, поранешната министерка за внтарешни работи Гордана Јанкуловска, Никола Бошковски, Горан Грујоски…. добија вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор.
Ново на Сител
-

Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре потопло
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
