Спорт плус
8. October 2019 - 19:59

Светските пингпонгарски надежи на ИТТФ турнир во Скопје

Од денеска до 12 октомври празник за љубителите на пинг-понгот  во нашата земја.

                Во СЦ Борис Трајковски  се одржува голема пинг-понгарска приредба на која учествува светската јуниорска и акдетска елита која се натпреварува на турнир од челенџ серијата.

                Натпреварите започнаа утринава со настап на преку 100 учесници од 20 земји од светот меѓу кои и Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка , Хрватска ќе се борат за паричен фонд од 4000 долари и четири врвни телефонски апарати.

                Нашата земја е застапена со 21 млад пинг-понгар кои натпреварите ги започнаа против селекциите на Шпанија и Косово.

                Покрај желбата за добар пласман пред се ова ќе биде големо искуство за младите учесници кои благодарение на напорите на федерацијата се почесто настапуваат на силни меѓународни турнири.

                Турнирот го следи и претседателот на меѓународната пингпонгарска федерација Томас Вајкарт.