Македонија
17. February 2020 - 10:32

Светски трендови во стоматологијата и забната техника презентирани на стручен собир на забни техничари

Современи светски трендови во стоматологијата и забната техника беа презентирани од предавачи од државава, Германија, Италија, Хрватска, Чешка и Унгарија на стручниот собир на забни техничари „Заботехнички кварт 2020″, што се одржа викендот во Скопје.

Предавачите одржаа предавања на теми, како што се дигиталниот CAD/CAM пристап во модерната стоматологија, современите протетски решенија над природни заби и импланти, како и можностите кои ги нудат денешните материјали за изработка на врвни протетски производи.

На собирот, што се одржа во организација на Здружението на забни техничари, учествуваа повеќе од 300 учесници од земјава и регионот.

Седумнаесет етаблирани компании од земјава и регионот го изложија својот асортиман на производи и апаратура со што им овозможија на присутните да се запознаат со најновите технологии кои се нудат на светскиот пазар.

На собирот се обратија министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование, Виолета Котевска.