Македонија
22. February 2019 - 16:46

Светската ѕвезда Андре Риу на 6-ти јуни со концерт во Скопје

Современиот крал на валцерот, светската ѕвезда Андре Риу најавува спектакуларен концерт во Скопје...

На 6-ти јуни, годинава, за прв пат во Македонија, концерт во живо на кој маестралниот холандски музичар ќе настапи со неговиот, Оркестар Јохан Штраус, кој воедно е и најголемиот приватен оркестар на светот.

Во пресрет на премиерната средба со македонакста публика, славниот Андре Руи денеска испрати и специјален видео поздрав за своите фанови во Македонија, снимен на подготвоките за овој ексклузивен музчки настан, а со кој ѕвездата воедно и наговестува бројни изненадувања за скопскиот концерт.