Бизнис
20. November 2019 - 16:36

Светската банка одобри 420 милиони евра кредит за економски раст во следните 4 години

Светска банка со 420 милиони евра кредит ќе го поддржува  економскиот раст во замјава. Во наредните 4 години  со овие пари ќе се подобрува патната инфраструктура,  капацитетот за воведување иновации, ќе се зголемува конкурентноста на македонските компании, ќе се модернизира земјоделството  и ќе се подобрува животната  средина. 

Ова е договорено на средбата  на вицепремиеот Анѓушев  со потпретседателот  на Светска банка Сирил Милер, во Вашинготон. Деталите ќе се прецизираат во  декември, кога нивната мисија ќе дојде во земјава.

Договорена е и соработка со ИФЦ за реализација  на два  крупни проекети – хидроелектраната Чебрен , како и и проект за поврзување на домашните со странските компании. За да успее тендерот на Чебрен., ќе се менуваат условите

-Со ИФЦ постигнавме договор и согласност до крајот на декември да се распише тендерска постапка под променети и пазарни услови. ИФЦ веќе долги години има сознанија за овој проект, а очекувам со измените кои заедно со ИФЦ ги работиме изминатите 6 месеци, конечно, по 9 неуспешни тендери да имаме успешен тендер за реализација на овој значаен енергетски проект. Шансите тоа да се случи се големи, оптимизмот постои и кај Владата на Република Северна Македонија и кај ИФЦ, нагласи вицепремиерот Анѓушев по средбите во Светска банка и ИФЦ.

Вицепремиерот на конференција на Југоисточна Европа и Источен медитеран Нови стратегии - нови перспективи, што се одржува во Вашингтон, се сретна си американскиот помошник секретар за европски и евроазиски прашања  Филип Рикер, со кого разговарале  за актулените политички и економски  состојби во земјава.