Џет-Сет
17. December 2017 - 9:11

Светска премиера на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

 Светска премиера на осмата епизода од легендарниот филм „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ беше синоќа. Режисер на оваа епизода е Рајан Џонсон.
 
Секоја премиера на оваа култна вселенска сага, во САД е своевиден културен феномен. До појавување на големите екрани филмот се очекува со нетрпение со месеци а поклониците дискутираат и спорат во детали за заплетот и доживувања на нивните херои.
 
Слично е и на глобално ниво. Од Банког до Токио, од Лондон до Тунис и Сан Диего, каде премиерите се слават со разни изложби и настани а пред кино салите се создаваат редици на љубители и костимизирани фанови.