Живот
4. May 2018 - 19:46

Светот полуде по кралските венчавки: Ќе се одржи аукција на која ќе се продаваат торти од сите венчавки, парчето од свадбата на Дајана со најголема цена

По повод венчавката на принцот Хари и Меган Меркел во јавноста расте интересот за сите кралски работи, па поради тоа следниот месец ќе се одржи аукција на неа ќе бидат понудени пет парчиња торта од кралските венчавки кои се стари со децении. 
 
Како што пренесува Ројтерс, на аукцијата ќе бидат пондени и парчиња торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дајана како и од венчавката на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон. 
 
Се очекува аукцијата да се случи во Лас Вегас на 23. јуни, пет парчиња торта поединечно ќе достигнат цена од неколку стотина, па дури и илјада долари, навела аукциската куќа Џулијенс Аукшен, но исто така било наведено дека „ тие не се за јадење“. 
 
Парчето од венчавката на Чарлс и Дајана, кое ќе биде презентирано во бела кутија со ЦД од Бакингемската палата од 29.јули 1981. ( кога била одржана венчавката) со сребрен натпис кое се проценува да достигне цена помеѓу 800 и 1200 долари. 
 
- Нив ќе ги донесат луѓе кои биле на венчавањето, а ги чувале во фриждер цело ова време, рекол Џулијан и додал дека парчињата не се чувани со помош на некои други додатни сретства. 
 
Овошната торта од венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од 2011 години, ќе биде преставена заедно со честитка на која ќе пишува „ Се најдобро од ЊКВ принцот од Велс и војвотката од Кембриџ“. 
 
Се очекува тоа парче да достигне цена меѓу 600 и 800 долари, а како  што агенцијата  наведува, оваа аукциска куќа во 2014 година продала парче торта од венчавката на Вилијам и Кејт за 7.500 долари. 
 
Меѓу останатото ќе има и парче од венчавката на принцот Чарлс и Камила Паркер од 2005 година, како и од венчавката на принцот Ендру и Сара Фергусон од 1986 година, се очекува и за овие торти да се достигне цена од 600-800 долари. 
 
Парче торта и од венчавката на принцезата Ана и нејзиниот прв сопруг Марк Филипс од 1973 година, се очекува цена од 300-500 долари.
 
- Тешко се фрла нешто што ви го дало кралското семејство, рекол Џулијан. 
 
На венчавката на принцот Хари и Меган Меркел кое ќе биде одржана на 19. мај, повикани се повеќе од 600 луѓе а на свечениот прием се поканети уште 200.