Свет
17. July 2018 - 9:48

Светот остана во шок кога Трамп пред сите го фрли подарокот на Путин

Самитот на претседателите на Русија i САД, Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки се одржа ден по Светското првенство во фудбал и нормално една од темите била и фудбалот. 
 
Трамп ја пофалил руската организација на случувањето, нарекувајќи го турнир на „ сјаен настан“. 
 
Претседателот на Русија за возврат на Трамп му подари нова топка од Светското првенство, но нормално го спомена и Мундијалот во 2026 година што ќе се одржи во САД, Mексико и Канада. 
 
- Сега топката е на ваша страна, рекол Путин. 
 
Трамп изјавил дека оваа топка ќе ја даде на својот син Барон. 
 
- Држи,Меланија, рекол кога ја фрлил топката на својата сопруга Меланија која седела во првиот ред.