Свети Николе и Ресен единствени градови без Ковид-19 во Македонија
Трендот на нови случаи со Ковид-19, чиј број вчера изнесуваше 20, а завчера 36, ќе биде разгледуван денеска на состанок на Комисијата за заразни болести, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за натамошно постапување во однос на воведените мерки за заштита од ширење на коронавирусот и според тоа, ќе се знае дали ќе има нивно олеснување.
Според место на постојано живеење или повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар и Куманово. Највисок леталитет се регистрира во Струга, пишува во извештајот на Институтот на јавно здравје.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 285,9 заболени на 100.000 жители, Прилеп (184,6/100.000), Дебар (183,8/100.000) и Велес (161,5/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Пехчево. Засега нема ниту еден заболен од коронавирусот во Ресен и Свети Николе.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 785 машки и 857 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 75,7/100.000, додека кај женските 83,0/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 45,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 357 (21,7%) со инциденца од 93,1/100.000, а највисока специфична инциденца од 124,4/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (346 заболени). Најниска инциденца од 24,0 и 27,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 55 и 68 случаи соодветно (Графикон 1).
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари