Ракомет
1. April 2016 - 10:02

Супер лига: Металург заврши со 18/18

Ракометарите на Металург без загубен бод го завршија првиот дел од домашното првенство откако синоќа во последниот натпревар од 18.коло победија на гостувањето кај Пролет со 27:15. Со овој триумф тимот на тренерот Лино Червар Супер лигата ја заврши со 18/18 победи.
На вториот натпревар одигран синоќа Прилеп и Радовиш немаше победник 34:34. Претходно Металург 2 – Работнички 27:31.
Утре се играат натпреварите: Вардар Јуниор – Охрид (почеток 13:30 часот) и Борец – Пелистер (17 часот).
 
Табела: Металург 54 бодови, Охрид 39, Работнички 39, Прилеп 31, Радовиш 22, Пелистер 21, Вардар Јуниор 21, Пролет 18, Борец 16, Металург 2 1.  
Четирите првопласирани екипи заедно со Вардар и со Макс Струмица ќе продолжат да се натпреваруваат во Плеј оф лигата за шампионската титула.