Ракомет
22. October 2015 - 9:23

Супер лига: Металург продолжува со победите

Ракометарите на Металург ја продолжија серијата победи во домашната Супер лига откако синоќа на домашен терен постигнаа победа во заостанатиот натпревар со Радовиш. 

Триумфот беше изборен нешто потешко од очекуваното, особено што гостите водеа на полувремето со 15:14. Конечниот резултат беше 31:24.
Табела: Металург 15 бодови, Работнички 15, Прилеп 12, Охрид 12, Пролет 9, Вардар Јуниор 9, Радовиш 6, Борец 6, Пелистер 3, Металург (2) 0.