Ракомет
15. October 2015 - 9:34

Супер лига: Металург победи во Охрид

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите по настапите на меѓународен план во текот на неделата ги „одработува“ и дуелите од домашната лига, па така вчера Металург победи на гостувањето кај Охрид со 30:22. (15:12). Ова беше заостанат натпревар од 3.коло.

Најефикасен на дуелот беше Марко Матиќ со 7 голови.
Табела: Металург 12 бода, Прилеп 12, Работнички 12, Пролет 9, Вардар Јуниор 6, Борец 6, Пелистер 3, Радовиш 3, Металург (2) 0.