Живот
24. April 2017 - 11:59

Супер херој: Пожарникар фати во раце бебе фрлено од вториот кат на опожарена зграда

Американскиот пожарникар Роберт Сатон фатил бебе фрлено од вториот кат на запалена зграда во Џорџија. Сатон изјави дека слушнал повици од вториот кат на стамбената зграда и го здогледал новороденчето на прозорецот од собата изполнета со чад.

-Слушнав како таткото на детето повикува помош и го здогледав како виси на прозорецот со бебе во рацете и без размислување му реков да ги пушти. Ветив дека ќе го фатам, рече новиот херој.

-Го пушти бебето и благословен сум што бев во можноста да го фатам. Првпат бев во таква ситуација, објасни пожарникарот и додаде дека тоа би го направил и секој друг пожарникар на негово место.