Македонија
8. October 2019 - 16:44

Сулејман Реџепи го доби судското решение, останува поглавар на ИВЗ

Судот одлучи реисот Сулејман Реџепи да остане поглавар на ИВЗ. Барањето  за промена во регистарот упатено од Скендер Бузаку е одбиено со образложеие дека не ја исполнувал старосната граница за да ја предводи  исламската верска заедница. Наместо со потребните 40г, Бузаку со 39 години  побарал да биде запишан како поглавар.

Од ИВЗ бараат одговорност за како што велат манипулациите и фалсификатите кои биле направени во обид да се наруши угледот на ИВЗ и на нејзиниот претседател . За нив е зачудувачки што судот не покренал  кривична одговорност за другата страна.

- Инсистираме да оние што се занимаваат со манипулација, злоупотреба и фалсификување во овој случај да одговараат пред лицето на правдата. 

Скендер Бузаку не сакаше да ја коментира оваа судска одлука бидејќи се уште не ја добил. Во телефонски разговор за Сител вели не го интересираат функции туку расчистување на криминалот во ИВЗ. Најави нови документи кои ќе ги приложи во обвинителството. Пред неколку дена  тој го пријави  Сулејман Реџепи за перење пари и злоупотреба на функцијата. Бузаку  поднесе материјали до обвинителството, со кои тврди дека Реџепи сторил криминал од 700 илјади евра. Од  ИВЗ најавија дека ќе му возрвратат со кривична пријава и тужба за клевета.