Сугарески бара дополнителна поддршка од КФВ банка за локална патна инфраструктура
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба со претставници на КФВ банката, предводени од Кристоф Тискенс, директор за Југоисточна Европа и Турција, побарал дополнителна поддршка за проекти во локалната патна инфраструктура.
- Министерството за транспорт и врски со КФВ банката досега има успешна соработка. Во таа насока, на денешниот состанок побарав дополнителна поддршка за проекти во делот на локалната патна инфраструктура. Се надевам дека претставниците на КФВ детално ќе го разгледаат и ќе го прифатат овој предлог, изјави министерот за Сугарески.
На средбата станало збор и за зголемување на соработката за дополнителна поддршка од банката во изградба на канализациски и водоводни мрежи во општините во Македонија
Како резултат на соработката меѓу КФВ и Министерството за транспорт и врски, досега се обезбедени осум милиони евра, од кои пет милиони евра се неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Радовиш, Кавадарци и Гевгелија.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово