Бизнис
15. November 2017 - 14:47

Сугарески бара дополнителна поддршка од КФВ банка за локална патна инфраструктура

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба со претставници на КФВ банката, предводени од Кристоф Тискенс, директор за Југоисточна Европа и Турција, побарал дополнителна поддршка за проекти во локалната патна инфраструктура. 

- Министерството за транспорт и врски со КФВ банката досега има успешна соработка. Во таа насока, на денешниот состанок побарав дополнителна поддршка за проекти во делот на локалната патна инфраструктура. Се надевам дека претставниците на КФВ детално ќе го разгледаат и ќе го прифатат овој предлог, изјави министерот за  Сугарески.

На средбата станало збор и за зголемување на соработката за дополнителна поддршка од банката во изградба на канализациски и водоводни мрежи во општините во Македонија

Како резултат на соработката меѓу КФВ и Министерството за транспорт и врски, досега се обезбедени осум милиони евра, од кои пет милиони евра се неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Радовиш, Кавадарци и Гевгелија.