-->
-->
Судири меѓу демонстранти и полиција за време на антибегалски протест во Холандија
-->
Холандската полиција вчера отвори предупредувачки оган со цел да растера поголема група демонстранти, кои се незадоволни од плановите за прифаќање мигранти во градот Гелдермалсен.
- Досега извршивме голем број апсења, се уште не се знае точниот број, соопшти локалната полиција. Засега нема информација дека има сериозно повредени лица во немирите.
На фотографии и видео снимки од инцидентот може да се забележи како десетици млади луѓе фрлаат шишиња и запаливи направи кон полицијата, скандирајќи против проектот за отварање центар за 1.500 баратели на азил. Во протестот учествувале околу 2.000 лица.
Истовремено во градското собрание се одржувала седница во врска со ова прашање, која требало да биде прекината, а учесниците евакуирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење