Судир во грчкиот Парламент, исфрлен пратеник на ултрадесничарската Златна зора
Видниот член на грчката ултрадесничарска партија Златна зора, Илијас Касидијарис, денеска е исфрлен од Парламентот откако турна пратеник од ривалската партија Нова демократија, по што во пленарната сала почнал судир меѓу пратениицте од други партии, пренесуваат француските медиуми.
- Го загадувате овој Парламент. Надвор, викаше вршителот на должноста претседавач со Парламентот, Макис Балаурас, врз пратениците на Златна зора, по исфрлањето на Касидијарис.
Медиумите наведуваат дека на 37-годишниот Касидијарис му попречило тоа што пратеникот на конзервативната Нова демократија, Никос Дендијас, минал пред него додека зборувал за законот што предвидува нови мерки за штедење.
- Зарем не гледаш дека зборувам?, му кажал пратеникот на Златна зора на колегата Дендијас, по што со другите пратеници од неговата партија ги посипале со вода претставниците на Нова демократија.
На снимката од парламентарната телевизија е прикажан почетокот на судирот, додека неговиот остаток се одвивал надвор од видокругот на камерите.
Извори од Парламентот наведуваат дека Касидијарис го турнал Дендијас, по што парламентарната полиција го отстранила од салата, а Дендијас подоцна судирот го нарекол „голема навреда“ за грчкиот Устав и закони.
„Се надевам дека овој инцидент ќе се покаже како корисен за општеството“, изјави пратеникот на Нова демократија во Парламентот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација