Македонија
21. July 2020 - 16:39

Судење за Меѓународен сојуз: Јовановски и Русковска меѓусебно се обвинија за девијантност

Работата на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски е врв на девијантен криминилен ум, смета обвинителката Вилма Русковска. Објаснувајќи го обвинението во судницата рече дека сите обвинети имале своја улога во измамата на двајцата бизнисмени. Со нив се среќавале Јовановски и Ременски а откако ги убедиле да исплатат еден милион евра за изградба на дом за стари лица, останатите тројца обвинети помогнале парите да завршат на сметката на телевизијата на Јовановски.

„Има доста материјални докази што одат во поткрепа на обвинението но имаме исто така и сведочења особено се сведочењата на Агапи Дика, Лилјана Тодоровска за тоа како се потпишувани договорите и секако на исказите на оштетените бизнисмени Силјан МИцевски и Ардијан Амзовски“, изјави Вилма Русковска Јавен обвинител.

Петтемина обвинети негираа дека меѓународниот сојуз се корисител за измами и перење пари. Според Јовановски, предметот бил девијанто алхолизирано обвинение а донесе и табла во судницата за да ја прикаже работата на Меѓународниот сојуз. Одбраната смета дека предметот наместо во кривичен требало да се води пред граѓанскиот суд за должничко доверителски односи.

„Не може да биде измама ништо кое е поткрепено со илјадници писмени документи, меморнадуми за соработка, не може тие лица кои се наводно измамени да изјавуваат официјално дека нигде никогаш не претпеле измама и затоа што потоа им е извршена финансиска контрола после некое време да поднесат кривични пријави. Врз основа на тие пријави е стартувана оваа постапка“, изјави Сашко Дуковски, Адовкат на Бојан Јовановски.

Фросина Ременски за која во обвинението се наведува дека со својот углед и авторитет влијаела кај бизнисмените, обвини дека и други лица го правеле истото во меѓународниот сојуз. Смета дека обвинителството постапувало пристрасно.

„Јас најодговрно тврдам дека во предметот има многу бројни јавни личности кои што можеби имале и поголем удел ако тоа може да се смета за некакво кривчно правно делување  од мене а не се во обвинителен акт, но тоа во ниту еден момент не ми дава ниту мене за право ниту на јавното обвинителство селективно да постапува или искажува  и да ампутира вина“ изјави Фросина Ременски.

На обвинителна клупа за измама и перење пари седат уште Христина Блажевска, Јасна Ерцеговиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски. Откако три пати му се слоши а интервенираше и брзата помош, судењето беше прекинато.. Следното рочиште е закажано во четврток.