Македонија
24. August 2019 - 20:45

Судар на две возила во Скопје, четворица пренесени на Клиника

Вчера во 14.43 часот на ул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Б.(23) од Скопје и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле Д.Б. и уште еден сопатник од „голфот“и двајца сопатници од возилото „киа“ на кои им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.