Македонија
30. December 2018 - 10:53

Судар меѓу камион и автомобил кај Калишта, две лица со тешки повреди згрижени во охридската болница

Вчера во 12,50 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “ВМЦ“ со охридски регистерски таблици, управувано Ц.С.(33) од с.Драслајца-струшко, и патничко моторно возило “ Фиат Панда“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.Н.(32) од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.С. и сопатничката од патничкото моторно возило Д.Н., кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.