Свет
26. May 2021 - 10:42

Студија: Сосем мал број Американци заразени со Ковид-19 по целосна имунизација

Само 0,01 процент од Американците биле повторно инфицирани по целосна имунизација против Ковид-19 во периодот јануари-април.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести во студија биле опфатени 101 милиони луѓе  подложени на целосен курс на вакцинација помеѓу 1 јануари и 30 април – 10.262 инфекции се пријавени во рок од две недели по приемот на втората вакцина, или на првата со вакцини на Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон.

Меѓу споменатите заразени, 6.446 или 64 отстсто од случаите се регистрирани кај жени, а просечната возраст на пациентите е 58 години. Без симптоми биле 2.725 луѓе. Седумстотини и шест пациенти беа хоспитализирани, а 132 починаа од причини поврзани со Ковид-19.

Генерално, бројките се: 0,01 отсто од целосно вакцинираните лица биле повторно инфицирани, 0,0007 отсто биле хоспитализирани и 0,0001 отсто починале.