Македонија
4. December 2021 - 16:47

Стружанецот Никола Петрески во хумана мисија да обезбеди оброк за сограѓаните кои не можат да си го обезбедат

Стружанецот Никола Петрески скоро еден месец три пати неделно обезбедува бесплатен оброк за ранливите категории граѓани. На ваква идеја дошол поради зголемениот број на негови сограѓани кои имаат потреба од храна.Иако на почетокот бројот на оние кои доаѓале бил мал сега дневно како што вели има по 27 лица кои земаат топол ручек. За новогодишните празници планира да подели околу 500 оброци.

Никола вели дека моментално соработува со две компании кои донираат храна и се надева во неговата идеја да се приклучат и останатите угостителски објекти,за  храната која останува наместо да се фрла, да завршува онаму каде е најпотребна.

Стружанецот не застанува тука апелира до сите оние кои се во можност да земат поактивно учество со цел подобрување на условите за живот на сите граѓани.