Струмица: Пронајдени хероин и кокаин, приведени четири лица поради продажба и употреба на дрога

Во Струмица синоќа во 21:30 часот полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и 39-годишната И.Ц. од струмичкото село Куклиш.
Од МВР денеска информираа дека при преглед кај нив, кај Г.П. бил пронајден и одземен хероин. По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека Г.П. дрогата ја купил од А.Т.(38) од Гевгелија.
- Денеска (15.09.2023), со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т.. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога. Исто така, при претресот, во домот бил затекнат и Т.Т.(40) од Гевгелија, кој дошол да користи дрога. По консултација со јавен обвинител, двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
