Струга полна со питачи од други градови
Во екот на туристичката сезона, Струга преплавена со питачи. Низ струшките улици, чаршискиот мост, струшката чаршија, покрај кејот и плажите се среќаваат голем број лица пред се од ромска националност кои од граѓаните и туристите бараат пари.
Најчесто се среќаваат бебиња и деца, но има и возрасни кои боси, со извалкана и стара облека чекаат на милост од граѓаните.
Полицијата, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, е постојано на терен и во соработка со Центарот за социјални работи ги носат лицата во полициска станица за идентификација.
- Се работи за лица од Битола, Прилеп, Штип..., кои доаѓаат со цел питачење. По идентификација во соработка со полициите од другите градови ги враќаме од каде што се. Лицата се враќаат многу брзо назад, можам да кажам побрзо се враќаат отколку што трошиме време да ги вратиме каде што живеат, вели Димоски за МИА.
Во моментот низ Струга може да се забележат најмалку 20-тина лица распоредени на различни локации.
- Проблемот со питачењето се зголемува во летниот период. Најизразен е во туристичката сезона и негативно влијае на општата слика за туристичките центри, смета Димоски.
Полициски службеници, додаде тој, вршат контроли и на места каде што имаат сознанија за привремено сместување на овие лица, од каде исто така, преземаат соодветни мерки за нивно враќање во местата на живеење.
Ново на Сител
-
Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје
-
Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи
-
Над 900 производи во „Новогодишната кошница“
-
Франција доби нов премиер
-
Мицкоски очекува со „Новогодишната кошничка“ да се заштити семејниот буџет
-
Македонија го дозна својот пат до Светското фудбалско првенство 2026
-
Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во ноември, раст од 29,9 отсто во однос на октомври
-
Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес на Северна Македонија