Живот
26. February 2019 - 15:33

Стриптизот за полицајците тргна наопаку: Русинка сакаше да ги забавува колегите, па остана без работа

Руска полицајка е отпуштена поради организирање на „еротски“ танц за да ги забавува полицајците на празникот кој е познат како „Ден на мажите“ во таа земја.

Неименуван командат го нарече „Срамно“ ангажирањето на стриптизета за детективите под нејзина команда.

Видео снимката на која високо рангирана руска полицајка во градот Улан Уде во републиката Бурјатија изведува стриптиз стана вирален во рок од 24 часа.

Анонимни полициски извор ги објавил снимките на Инстаграм.

Многумина забележаа дека присутните, меѓу кои имало и жени полицајки - биле збунети или се претварале дека не обрнуваат внимание, додека други јаделе торта.

Еден коментар гласеше: „Луѓето делуваат како да им е нелагодно, погледнете како седат со свртен грб и се грабаат за колачи“.

Инаку, „забавата“ ја организирале по повод празникот кој официјално се вика Ден на бранителите на татковината ( неретко го нарекуваат и Ден на мажите), а кој во советско време е познат како Ден на Црвената армија. Обичај е тој дена жените да ги даруваат мажите.