Свет
14. July 2017 - 12:56

Страв и паника во Лондон: Пет напади со киселина во период од 24 минути

Британската полиција соопшти дека уапсила тинејџер по пет напади со киселина во Лондон во кои еден човек има сериозни повреди, а неколку други се со полесни повреди. Според полицијата за 24 минути биле извршени пет напади кои почнале доцна синоќа.

Двајца мажи фрлиле отровна супстанца во лице на 32-годишник кој бил на мотор и потоа го зеле моторот и заминале. Полицијата продолжува со истрага по вториот осомничен.