Стратегија и менаџирање со ресурсите за подобар туризам
Стратегија, менаџмент со ресурси и инфраструктура се неопходни за развој на македонскиот туризам, порачаа денеска Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) по потпишувањето на Меморандумот за соработка.
Стопанствениците се согласни дека фокус треба да се стави на планинскиот, конференцискиот и бањскиот туризам кои, како што рекоа, стануваат се поатрактивни во светски рамки.
- Инфраструктурата е исклучително важна, без тоа нема не само развој на туризмот, туку и развој на економијата воопшто, нагласи претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа.
Одговорајќи на новинарско прашање и Хоџа и неговиот колега од СКТМ Касам Шакири подвлекоа дека доцнењето во изградбата на автопатот Кичево – Охрид ќе се одрази врз стопанството, а дополнителните средства што за оваа намена ќе бидат одвоени, ќе значат плус удар за бизнисот.
Шакири се осврна и на резултатите во туризмот реализирани годинава, изразувајќи несогласување со останатите туристички работници кои, истакна, зборуваат за големи бројки. - Ме чуди зошто моите колеги велат дека е остварен голем резултат во туризмот кога во јули годинава се затворија некои капацитет. Македонија треба да менува многу за да има успешен туризам, потенцира претседателот на СКТМ.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители