Балкан
11. July 2019 - 22:31

Страотни детали: Откриено како загинаа Романката и нејзиниот син (8) во таверна на Халкидики

Во катастрофалното невреме на Халкидики загина седум лица, а најмалку 120 се повредени. Според првите информации, загинале двајца постари туристи од Чешка. жена и 8-годишен син од Романија, маж и дете од Русија. Се стравува дека бројот на жртвите е поголем.

Ветровите биле толку силни што кревале киосци и тезги по улиците.

Една новинарка која се нашла во таверна откри како настрадаа Романката (54) и нејзиниот син (8).

„Воопшто не сфативме што се случува. Трчавме, секој помагаше и извлекуваше кого можеше, а имавме десетина повредени. За жал, жената и нејзиниот син не успеавме да ја извлечеме“, рече таа.

Ветровите врз таверната фрлале киоци и тезги, под кои останала заробена несреќната жена со детето.

Мајката и синот седеле во таверна на плажа која се наоѓала под тенда. Покривот паднал директно врз жената, а нејзиниот син брзо реагирал и се обидел да ја спаси, а додека трчал да ја извлече ветрот го подигнал високо во воздух и го фрлил со сета сила на веќе скршено стакло на подот.

Во бурата за која одредни извори наведуваат дека е најголема во последните неколку децении, водената стихија ги носеше дрвјата, а во морето можеа да се видат чадорите за сонце и лежалки од баровите дедека во Потидеа дошло и до помал ураган.

Метеоролозите невремето го опишаа како „екстремно необично за ова време од годината“ и предвидуваат дека врнежите ќе продолжат и вечерва.