Балкан
25. December 2015 - 10:17

Страотна несреќа: Ја ранил балдазата чистејќи пиштол, па си пукал во глава

Ме разбуди плачот на децата. Кога излетав од собата, ја најдов сопругата во локва крв и зетот, раскажува Љубиша Милинчиќ, чија сопруга Душица и зетот Љубиша Зечевиќ се во многу тешка состојба.

Љубиша Зечевиќ (53) од селото Бела Земја кај Блаце случајно со пиштол ја ранил балдазата Душица Милинчиќ (40) по што си пукал во глава.

Двајцата се итно префрлени во нишкиот Клинички центар каде лекарите се борат за животот на Љубиша, додека Душица која е погодена во градите, моментално е стабилна.

Куршумот останал во цевката

Трагедијата се случила во средата околу 20 часот во куќата на Душица и нејзиниот сопруг Љубиша Милинчиќ.

-Кога го слушнав плачот на децата и излетав од собата сфатив за што се работи. Во првиот момент не знаев во кого прво да гледам, дали во сопругата или во зетот. Двајцата лежеа, а крвта лееше на сите страни, вели за српски Курир Љубиша Милинчиќ.

Според првичните информации, несреќата се случила кога Зечевиќ го чистел својот пиштол калибар 6,35 милиметри. Најверојатно куршумот останал во цевката, а кога пиштолот пукнал, Душица паднала како покосена.

-Јас работев цел ден, па порано отидов да си легнам. Мојата помлада ќерка видела се. Ете, никако не може да се смири. Мене ме разбуди лелекањето и плачот на децата и онака, во долна облека скокнав. Кога ја видов Душица во локва крв, останав парализиран. Љубиша исто така лежеше во крв под терасата. Тука се симнал и си пукал во глава, вели неговиот имењак Љубиша Милинчиќ.

Тој додава дека прво и пришол на соптугата, а потоа и другите домашни притрчале на помош.

-Љубиша и мојата сестра Љубица со синот живеат во Австрија. Кога доаѓаат овде, практично отседнуваа кај нас, зошто нивната куќа во Бела Земја четири пати ја обиваа, па сите работи ги оставија кај нас. Така и оружјето на Љубиша беше овде, за кое како ловџија има дозвола. Обично порано, во собата на спрат го чистеше пиштолот, а никој од нас не приоѓаше таму. Зошто сега дошол долу, незнам, вели соговорникот.

Ги посетил во болница

Милинчиќ во нишкиот Клинички центар ги посетил сопругата и зетот.

-Кратко се видовме, Душица беше свесна, но Љубиша е во лоша состојба. Лекарите сепак се надеваат дека ќе му биде подобро. И ние се надеваме, а за ова што се случи навистина не знам што да кажам. Децата не можат да дојдат на себе, и еве од завчера плачат. Мојот зет сигурно тоа намерно не го направил зошто живеевме како едно семејство. Тие ни помагаа парично, секогаш беа тука, вели со очаен глас Љубиша Милинчиќ.

Цел ден ја чистиме крвта

Во Блаце денеска треба да пристигнат сопругата на Љубиша Љубица и синот од Австрија.

-Што се случи завчера се уште не можеме да поверуваме. Тој сигурно помисли дека ја убил, па се симна од терасата кон дворот и си пукаше во глава. Цел ден на чистиме крвата и уште се познава трагата, вели Милош Милинчиќ, кој со синот Љубиша, Душица, сопругата и внуците живеат во куќата во која се случи несреќата.

Komšija Pavlović
LJUBIŠA NI MRAVA NE BI ZGAZIO

Komšija Miloš Pavlović kaže da su obe porodice bile složne.
- Ljubiša je izuzetan čovek i nikada ne bi ni mrava zgazio. Juče sam ga video kad je kretao u tazbinu. On uvek prvo ode do njih, pa posle dođe kući - kaže Pavlović, koji se nada da će oboje posle svega biti dobro.