Свет
22. јуни 2016 - 10:26

Стотици луѓе евакуирани поради шумските пожари во околината на Лос Анџелес

Шумските пожари на ридовите околу Лос Анџелес зафатија повеќе од 20 квадратни километри, поради што 750 луѓе беа принудени да ги напуштат домовите.

Двата пожари Азус и Дуарте, наречени според истоимените градови, одделени се само два километри и поради високите температури и силниот ветер би можеле да се спојат.

Во јужна Калифорнија последните денови избувнаа неколку шумски пожари во кои изгореа над 80 квадратни километри.

Пожарот во близина на Санта Барбара, околу 150 километри северно од Лос Анџелес, 70 проценти е ставен под контрола, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот во близина на американско-мексиканската граница, на 60 километри југоисточно од Сан Диего.